Поради ковид панемијата, многу поразвиени држави веќе го одложија пописот, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Имено, Германија пописот го одложи за мај 2022 година, Шкотска, пописот планиран во 2021 година го одложи за март 2022, Ирска пописот планиран во 2021 година го одложи за април 2022 година. Еве и неколку примери од соседството, Романија пописот планиран во 2021 година го одложи за јуни 2022 , соседна Србија за октомври 2021 година, Бугарија исто така, а во план е и Хрватска да го одложи пописот поради ковид пандемијата и се разбира поради земјотресите, итн. Станува збор за многу поразвиени држави од нашата, но и држави од соседството кои што поради неможноста да се спроведе оваа статистичка операција истата ја одложија “ изјави Мицкоски.