Македонија 03. август 2020. / 16:48

Георгиевски за железничката линија Белград – Скопје: Шах-мат на македонско – бугарските дискусии

Георгиевски за железничката линија Белград – Скопје: Шах-мат на македонско – бугарските дискусии

Според поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО – Народна партија, проектот на Србија вреден 2 милијарди долари за железничко поврзување со Скопје претставува „шах-мат“ за македонско-бугарските дискусии.

„На први август точно кога се одбележуваше три години од договорот за добрососедство помеѓу С. Македонија и Р. Бугарија, српскиот државен врв објави дека идната година почнува со градба и модернизација на железничката линија Белград – Скопје. Проектот ќе чини 2 милијарди долари само до Ниш, а возовите ќе можат да се движат до 200 км на час.
Ова се вика шах-мат на македонско-бугарските дискусии.
Се надевам за тоа време Бугарија ќе успее да додаде една лента на преминот кај Благоевград.“ напиша Георгиевски.