Македонија 07. август 2019. / 19:57

Георгиески: Зошто прво да ја урнам дивоградбата на Нефи Усеини?

Георгиески: Зошто прво да ја урнам дивоградбата на Нефи Усеини?

За 41-годишниот градоначалник на Охрид, Константин Георгиески принципиелно е прашањето околу уривањето на дивоградбата на советникот од редовите на ДУИ Нефи Усеини.

Неспорно е, вели тој, оти Усеини ја подига натстрешницата без дозвола, меѓутоа Георгиески сака да потенцира дека таа е само една од многуте охридски дивоградби, пренесе Вечер.

– Ако земеме да отстрануваме диви градби, ќе ги отстрануваме сите, нема само таа. – вели Георгиевски.

Принципот „или ќе се руши сѐ или ништо“ на градоначалникот наведува на заклучок дека барем летово нема да „падне“ објектот на проблематичниот инвеститор.

– А, зошто сега прво да го урнам објектот што е кај Чинарот? Има шест-седум познати плажи во Охрид што се дивоградби, плажи каде што одат сите туристи и вие од Скопје одите и јас таму навечер пијам кафе, ама знам дека се дивоградби. Значи, по кој редослед да уриваме, сега? Треба сѐ или или ништо, ама најмалку сред сезона. – вели градоначалникот.

Дргу проблем е и тоа што во моментов општината нема ангажирано фирма за уривање. На последната седница советниците го изгласале ребалансот на општинскиот буџет со кој се обезбедени околу 25.000 евра и неделава се очекува општината да распише тендер за фирма-уривач.