Тема на денешната емисија „Стадион – Парадокс“ беше „Охрид со бизнисите на Нефи Усеини влезе во извештајот на ЕК во делот на корупцијата“, на оваа тема во „Стадион“ зборуваше градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.
Многу пати ние сме разговарале на оваа тема, за проблемот во Охрид кој трае години наназад, меѓутоа сега дојде време да се решава. Сме правеле многу состаноци сме разговарале многу, вели Георгиевски. Тој потенцира дека нема законска можност во моментов да се одземе ингеренцијата на извршување на општината.
Немаме проблем во инспекциските служби, како општина имаме постапено и донесени се акти, решенија за рушење и заклучоци за отстранување. Проблем имаме во извршувањето, не во инспекцискиот надзор. Проблемот не е во локалните врски, проблемот е во тоа што проблемот е премногу сложен и деликатен во мал град како Охрид. Па може да дојде до закани, притисоци кога ќе треба да се отстрануваат. Деликанта е средината, јас да одам да рушам, утре ќе ме убие некој, изјави во „Стадион“ на Канал 77, градоначалникот на општина Охрид, Константин Геогриески.