Македонија 20. октомври 2019. / 21:23

Гаши: Многу битно е овој Парламент да го ратификува договорот со НАТО

Гаши: Многу битно е овој Парламент да го ратификува договорот со НАТО

На оваа лидерска средба се разговараше на две битни, односно новиот контекст по непочнувањето преговори и втора тема беа изборите, рече лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Разговаравме принципиелно кога може да се случат изборите и зборувавме дека е многу битно овој Парламент да го ратификува договорот со НАТО и затоа дојдовме до датумот, 12 април, кој се надеваме дека ќе биде за сите добар, особено дека овој датум ќе биде добар за промени и кај Албанците – рече Гаши.