Денеска, редакција на КУРИР, направи обиколка низ скопските клинки. Ситуацијата е страшна, а сите ние сме сведоци на загрижувачка глетка.
Кога ќе ги погледнете овие фотографии ќе помислите дека се од некое буниште каде се собира ѓубре или од некој објект каде е нормално во моментов да се вршат градежни активности. Ќе бидете сведоци на хаос и безредие кои се застрашувачки во момент кога народот се бори со опасна пандемија.
Кога на овие фотографии ќе видите дека има и пациенти кои добиваат нула грижа и се наоѓаат во мизерни услови, ќе ви стане јасно дека ова е скопскиот Клинички центар.
Во време кога бројот на заразени е алармантен, клиничкиот центар е извор на зарази. Купишта ѓубре на сите страни. Места за отпад како да е депонија. Неподнослива миризба се жири од секое вакво ќоше меѓу клиниките.
Среде пандемија, додека бројот на жртви е трогателен, на клиника се изведуваат градежни работи. На повеќе места е раскопано и оставено така. Отстранет инвентар, ставен на купчиња, валкано и полно со прашина.
Низ скопските клиники сликата со која се соочивме е загрижувачка. Додека повеќе клиники стануваат ковид центри бидејќи бројот на заразени е огромен, пациенти со други заболувања не можат да го добијат потребниот преглед, ниту пак помош.
Катастрофалните услови во болниците во комплексот клиники во време кога имаме црни бројки на новозаразени пациенти и такви кои секојдневно се хоспитализираат се само уште еден доказ за неспособноста на оваа власт. Зоран Заев и Венко Филипче имаа осум месеци од почетокот на пандемијата да создадат достојни услови за лекување на пациентите. Наместо тоа, условите се ужасни!
Ваков мизерен третман македонските граѓани не заслужуваат! Овие фотографии се доказ за срамот на надлежните кои да имаа трошка совест ќе си поднесеа оставки до сега.