Охридскиот автобуски превозник АД „Галеб“ повторно ги вопоставува редовните меѓународни врски со Белград и Нирнбег.
Првиот автобус од Охрид за Германија тргнува в сабота на 27 јуни, додека враќањето од Нирнберг е на 1 јули. Понатаму линијата за Германија ќе оперира според стандардниот распоред, двапати седмично и тоа во среда и сабота од Охрид и истите денови од Германија.
Исто така од од 28 овој месец повторно ќе биде воспоставена секојдневната редовна линија од Охрид до Белград.
Од „Галеб“ најавуваат дека ќе бидат повторно оперативни и неколкуте дневни линии за Скопје, како преку Кичево така и преку Битола.
Сите линии беа времено запрени поради ситуацијата настаната со епидемијата на корона вирусот.