Македонија 22. март 2020. / 09:48

“Галеб” целосно ги укинува лините кон и од Скопје и другите меѓуградски дестинации

“Галеб” целосно ги укинува лините кон и од Скопје и другите меѓуградски дестинации

Заради неможноста да се прилагодиме на последните владини одредби поврзани со полицискиот час и со посебните одредби за обезбедување 4 м2 по патник, “Галеб” АД Охрид, од утре, 22 март, ги укинува и преостанатите линии Охрид – Скопје и обратно, информира компанијата.

-Следниов период нема да има ниту едно поаѓање на оваа или било која друга меѓуградска дестинација. До некои подобри времиња, објави “Галеб” АД Охрид.

Градско-приградскиот сообраќај ќе се одвива со двојно помал број патници од регистрираниот капацитет на возилата, соопшти компанијата.