Кој како си ја наредил, толку пари ќе си лапне. Магазин дојде до документи кои укажуваат на тоа дека пензионерот Виктор Габер, советникот на министерот Никола Димитров, зема месечен хонорар од 1200 евра, плус има платен службен телефон, дневници за службени патувања, репрезентација за ручеци и други трошоци на државна сметка, пишува Магазин.
Толкава плата зема и претседателот на државата Стево Пендаровски. МНР Димитров го потпишал договорот со поранешниот амбасадор Габер во октомври 2018 и го поставил за координатор на комитетот на Република Македонија за имплементација на Договорот од Преспа. Амбасадорот Габер ревносно си ја врши работата, за што сведочат изменетите сведителства со “Северна Македонија“, изводи од матичните книги, како и сите избрусени канализациони шахти во Скопје на кои до пред некое време беше аплицирано сонцето од Кутлеш, кое со потписот на Димитров стана ексклузивен грчки симбол, забранет во Македонија. Досега МНР на советникот Габер му има исплатено 15.000 евра, само на основ хонорар на неговата банкарска сметка.
Но, амбасадорот Габер не е единствениот кој зема високи месечни хонорари од МНР. Министерот Димитров потпишал договори и со Проф. Људмил Спасов, со доцентот од правниот факултет Ана Чупеска, со Проф. Никос Чаушидис, како и со Проф. Фехари Рамадани од тетовскиот универзитет. Најголемиот дел од нив се активни членови на владеачката СДСМ. Магазин ги има овие договори и според нив се гледа дека ова се едни од најскапите советници кои што ги плаќаат даночните обврзници на Македонија.
- Амб. Виктор Габер (Пензионер, член на СДСМ) = 1.200 евра
- Проф. Људмил Спасов (Филолошки факултет, СДСМ) = 1.000 евра
- Доц. Ана Чупеска Станишковска (Правен факултет) = 1.000 евра
- Проф. Никос Чаусшидис (Институт за археологија) = 1.000е
- Проф. Фехари Рамадани (Универзитет Тетово, катедра за историја) = 1.000е
Целиот текст на Магизин можете да го прочитате ТУКА.