Македонија 21. октомври 2020. / 09:20

Фризерницата „В.Е.З. трејд“ добила пари иако била петта на ранг-листата

Фризерницата „В.Е.З. трејд“ добила пари иако била петта на ранг-листата

Скопската фризерница „В.Е.З. трејд“ немала да го добие грантот од над 60.000 евра во акцијата „202“ доколку проектите биле финансирани според ранг-листата што ја направиле евалуаторите.

„А1он“ дојде до документот според кој четири организации имале повеќе бодови од фризерницата. Кога две апликации биле ставени на резервна листа, а една е одбиена за грант од евалуационата комисија, било прифатено да се финансира „В.Е.З. трејд“. Кај одбиената организација е констатирано дека има судир на интереси, а претседателката веќе има поднесено тужба до Управниот суд, но и жалба до Брисел.

Сличен конфликт на интереси има и кај сопственикот на „В.Е.З. трејд“, Зоран Златковски, но сепак тој добил грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Целиот текст може да го прочитате на „А1он“.