Македонија 05. февруари 2019. / 13:40

„Фридом хаус”: Македонија и понатаму е делумно слободна држава

„Фридом хаус”: Македонија и понатаму е делумно слободна држава

Македонија и понатаму останува во групата на делумно слободни држави, стои во најновиот извештај на Фридом хаус „Слободата во светот 2019“ .Во извештајот за 2019 година.

Македонија, на скала од еден до седум, каде еден е најслободна, а седум најмалку слободна, е оценета со 3, додека според политичките права со 4, а според граѓанските слободи со 3,5.

Во оваа група од регионот уште се наоѓаат Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Србија падна од групата слободни во делумно слободни земји поради изборните нерегуларности, правните малтретирање и кампањата против независните новинари, како и де факто акумулирање на екстра институционалните овластувања на претседателот Александар Вучиќ.

Во групата слободни земји од регионот се Бугарија, Хрватска и Романија. Од 195 земји, 86 или 44 насто се оценети за слободни, 59 или 30 насто за делумно слободни и 50 или 26 насто за неслободни земји.