Професорот Љубомир Фрчковски во вечерашното гостување на 1ТВ рече дека не се кае што во 2009 година се кандидирал за претседател и изгубил од Ѓорѓе Иванов.
–Потоа од 2011 година ги крадеа изборите на масовен начин. Мојата амбиција беше друга, ми беше јасно што се случува и јас и тимот немавме алузии. Беше херојски да се поттикне опозицијата која тогаш беше на многу ниско ниво. И успеавме да стигнеме до некои 260 илјади гласови. Потоа и во 2014 година го украдоа Стево, рече Фрчковски.