Македонија 16. септември 2019. / 20:31

Фрчкоска збунета: Не знам по кој основ ја разрешија Катица Јанева и оти не може да се врати на работа во Гевгелија

Фрчкоска збунета: Не знам по кој основ ја разрешија Катица Јанева и оти не може да се врати на работа во Гевгелија

Сопругата на професорот Љубомир Фрчкоски, Ирена, која што е адвокатка на Катица Јанева, изјави дека не знае по кој основ е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на сега разрешената шефица на СЈО.

– Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија. – за ТВ21 изјави Ирена Фрчкоска, адвокатка на сега разрешената шефица на СЈО.

Таа рече дека одлуките и од саботата, но и денешната на Советот на јавни обвинители се уште не ги добиле. Најави дека е можно да поднесат тужба. Деновиве истекува и 30-дневниот притвор на Јанева. Нејзината адвокатка вели дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката, а како гаранција ќе го понудат нејзиниот имот.