Македонија 20. ноември 2019. / 11:13

Фрчкоска: Русковска врши притисок на судот, одлуката за Јанева е законска

Фрчкоска: Русковска врши притисок на судот, одлуката за Јанева е законска

Ирена Фрчкоска, адвокатка на Катица Јанева во изјавата за „360 Степени“ вели дека одклуката на апелација за укинување на мерката притвор и замена со куќен притвор и мерки на претпазливост е сосема законска и целосно оправдана.

Според одбраната, во услови кога јавното обвинителство кажа што има да каже во обвинителниот акт и кога ги прибра сите докази, притворот требаше да биде укинат многу порано, односно кога истрагата заврши и кога отпаднаа причините за мерката притвор. Притворот не е казна туку е само мерка за обезбедување и секое пролонгирање на оваа мерка се смета за ограничување на правото на слобода. Од овој аспект одлуката е целосно законска, вели Фрчкоска.

За реакцијата на обвинителката Вилма Русковска, адвокатката Фрчкоска вели дека тие се зачудени од ваквата постапка бидејќи реакцијата на Рускоска се смета за притисок врз судот и неговите одлуки. Дека ваквото однесување е непримерно и го поткопува принципот на владеење на правото.