Македонија 17. февруари 2021. / 13:18

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Почна вакцинацијата против ковид – први се вакцинираа вработените од Инфективна

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Почна вакцинацијата против ковид – први се вакцинираа вработените од Инфективна

Засега планот е вакцинацијата да се одвива во Скопје, во модуларната болница, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука. Понатаму, вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава
Утрово во 10 часот, во просториите на модуларната болница во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, започна процесот на вакцинација против ковид-19.

Првите што ги примија дозите на вакцината „Фајзер“ се главната сестра Габриела Темелковска и д-р Добринка Наунова-Јовановска, специјалист за невроинфекции од Инфективната клиника – медицински работници со значајно искуство на Клиниката и огромен придонес во борбата со ковид-19.

Како изгледаше процесот на вакцинација може да погледнете од фотогалеријата во продолжение.

Засега планот е вакцинацијата да се одвива во Скопје, во модуларната болница, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука. Понатаму, вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава.

Министерот за здравство Венко Филипче очекува за период од една недела до најмногу 10 дена да се вакцинираат сите здравствени работници.

Капацитетот на пунктот на шест вакцинални места е максимум 500 лица на ден, но се почнува со вакцинирање на 300 до 350 лица.