Низа скандали ја тресат Агенцијата за млади и спорт. Овој пат ,,Економски Лидер” објавува скандал со злоупотреба на околу 150.000 евра пари од ЕУ, кои требало да се користат за реализација на проектот BeActive-Европска недела на спортот.
Според нашите информации наместо парите да се насочат кон реално поставените спортски цели, најголем дел од нив биле искористени за партиски цели и исплата на партиски кадри. Според тоа кој добил пари од овој проект се чини дека единствен критериум за да се ќари некој денар бил да сте член на СДСМ/СДММ, или да сте другар на Дарко Каевски.
Според нашите информации, пари исклучиво се делеле со партиска книшка и со однапред подготвени списоци од централата на СДСМ, а аминувани од Каевски и неговата потпреседателка,Ана Манасиева-исто така вработена во АМС.
Врз основа на овие сомнежи, поднесено беше барање за добивање информација од јавен карактер за тоа на кого се АМС исплатило за учество во овој проект. Добивме запрепастувачки одговор, во кој имињата беа наведени со инцијали, што уште повеќе го подгреа сомнежот дека нешто нелегално се случувало со исплатите и не натера уште подлабоко да навлеземе со истражувањето.
Од истражувањето кое го направи ,,Економски Лидер” за овој случај дојдовме до податок дека под иницијалите, се кријат имињата на партиски членови на СДСМ, и дека поголемиот дел од нив со никаква активност не учествувале во Европската недела на спортот но им биле исплатени сериозни суми на средства. Некои од нив се и во роднински врски со раководството на СДММ, но и со нововработените кадри на Каевски во Агенција за млади и спорт на кои им беа исплаќани дневници за непостоечки службени патувања во странство.
Дали ова е одлично смислен начин за испумпување на парични средства,каде е доволно да имаш блиска личност на чија сметка ќе легнат парите,а името на вистинскиот краен корисник на парите никаде да не се спомене?
,,Економски Лидер” на Каевски му ги поставува следниве прашања:
1.Дали под иницијалите М.Г на кого му се исплатени 750 евра, се крие Марио Георгиевски- партнерот на Потпреседателката на СДММ-Ана Манасиева? За кого биле наменети парите,за Ана или за Марио?


2.Дали под иницијалите К.М на кого му се исплатени 180 евра, се крие Кирил Манасиев-брат на Потпреседателката на СДММ-Ана Манасиева и претседател на студентскиот дом Стив Наумов?

3. Дали под иницијалите Т.Н на кого му се исплатени 500 евра, се крие Трајче Нешковски-поранешниот Генерален секретар на СДММ и Директор на Завод за рехабилитација на деца и млади-Скопје?

4. Дали под иницијалите Ф.И на кого му се исплатени 500 евра, се крие Филип Иванов- другар на Дарко Каевски?

5. Дали мозокот на целата операција биле С.С – вработен во АМС во време на СДСМ и лице со иницијали Д.Г – член на СДСМ и вработен во една државна институција?
6.Дали на Каевски му се познати имињата на Благојче Спасоски(Крушево), Ристо Спасов (Радовиш), Марио Скакарски (Делчево), Никола Јакимовски (Крива Паланка), Горан Димовски (Скопје-МЗШВ), Дарко Велковски (Кичево), Дане Мајсторчев (Неготино), Далибор Атанасов (Пехчево), Игор Тодороски (Гостивар), Влатко Бандовски и уште многу други од партиските состаноци СДСМ?







Во периодот кој следи, ,,Економски Лидер” можеби ќе ги објави и останатите учесници од Проектот Be Activе, како и оние кои го потпомогнале финансиско-сметководствениот процес на исплата и како за тоа биле наградени.
Каевски во најкус временски период да се искаже околу вистинитоста на искажаните наводи кои ги објави ,,Економски Лидер”, како и за начинот како се стекнал со луксузно возило Т-Рок по само две години директорување во АМС кое стои паркирано пред неговата семејна куќа.