Шефот на службата за безбедност во Скопје кој е од Велес врши злоупотреба на службената дејност, тврди извор за КУРИР.
Имено тој викендов со возило во сопственост на Пошта кое му е дадено за целите на оваа институција се прошетал на пикник покрај велешкото езеро Малдост, пишува Курир.
Доказ за сето ова се фотографиите кои ни ги достави нашиот извор.
Инаку вработениот во Пошта е со потекло од Велес, но тоа не му дава за право освен за целите на институцијата да си прави и приватен пикник во недела попладне покрај езерото, додава изворот.
Тој додава дека во Пошта веќе започнале и да им доцнат платите поради нестабилната ситуација во земјава која трае од почетокот на пандемијата во светот и кај нас.