Македонија

(ФОТО) За Алаѓозовски не важат правилата на владата: Унапредува партиски активисти за 6 скалила

(ФОТО) За Алаѓозовски не важат правилата на владата: Унапредува партиски активисти за 6 скалила

Иако сеуште важат антикризните мерки на Владата на Република Македонија со кои се врши забрана на хоризонтални и вертикални унапредувања, министерот за култура Роберт Алаѓозовски унапредува по неколку скалила луѓе кои се истакнити партиски активисти на СДСМ. Дознава Лидер од извори во министерството.

И покрај укажувањата на министерот Тевдовски, дека антикризните марки сеуште важат за што постои дури и посебен допис, министерот Алаѓозовски објавува јавен оглас и вработувва двајца истакнати активисти на владејачката партија, Оливера Ливриниќ и Тодорче Тасевски.

Овие две лица се вработени во Министерството за култура најмалку по 10 (десет) и повеќе години. Ливриниќ има функција самостоен референт (работно место со средно образование), односно Категорија Г, а господинот Тасевски е помлад соработник (работно место со високо образование), односно Категорија В согласно Законот за административни службеници.

На 12.04.2018 година на интернет страницата на Агенција за администрација објавена е одлука за избор на најдобар кандидат за работно место Помошник раководител на сектор за заштита на културно наследство и Помошник раководител на сектор за издавачка дејност, односно Категорија Б, за двете спомнати лица. Госпоѓата Ливриниќ се унапредува за 6 (шест) места, а господинот Тасевски за 5 (пет) места согласно категоризацијата на работните места согласно Законот за административни службеници.

Случајот кај Ливрниќ е посебнно интересен затоа што таа за време на локалните избори беше носител на листа на СДСМ и е советнник во советот на Оштина Бутел каде градоначалник е Велимир Смилевски од редовите на СДСМ.

Како што велат изворите на Лидер, овие унапредувања ќе предизвикаат финансика импликација по Министерството за Култура и затоа во дописот од страна на Министерството за Финансии и одговорот од страна на Тевдовски јасно стои дека треба средствата да се користат исклучиво од расположливите средства во Буџетите на Министерството за култура за соодветната фискална година. Како појаснување за антикризните мерки Министерството за финансии укажува дека средствата во Буџетот треба да се користат рационално, економично и законито, согласно намената за која се утврдени.

Оттука се поставува прашањето како министерот Алаѓозовски за кој во јавноста има шпекулации дека е на листата да си замине од оваа позиција поради низата скандали ќе им обезбеди средства за унапредување на своите послушници? Од кој буџет ќе им се исплаќа плата? Како и покрај укажувањата на Тевдовски, унапредувањето се реализира?