Освен националистичкиот обид да се покаже окупација на Самоиловата тврдина во Охрид, истото се случува и во Охридската чаршија.
Со албански знамиња се шетаат луѓе низ Чаршијата облечени во албански национални обележја.
Денеска е втор ден Велигден, еден од двата најголеми христијански празници, а необична националистичка глетка во градот Охрид – утринава со албански беше “окупирана” Самоиловата тврдина која е симбол за градот.
Фотографиите кои се направени од репортерите на Вечер и на Лидер на терен, кои се таму за локалните избори, покажуваат огромно знаме закачено на Самоиловата тврдина.
Во исто време, од внатрешна страна е забележливо дека со албански знамиња се шетаат луѓе облечени во албански униформи.