Македонија 24. декември 2018. / 11:43

(ФОТО) Во 21 век брза помош оди пеш во Кратово: Амбулантното возило не може да стигне до Страцин

(ФОТО) Во 21 век брза помош оди пеш во Кратово: Амбулантното возило не може да стигне до Страцин

До редакцијата на Лидер утрово пристигнаа слики, каде што се гледа дека брзата помош што пристигна во Кратовското село Страцин, има проблеми да пружи прва помош затоа што нема ниту асфалтиран ниту никаков пат, па екипата од брзата помош мораше пешки да се упати кон домот на пацинетот.

Недозволиво е во 21 век населено место да нема пат и брзата помош да има проблеми да интервенира, ако се знае и дека жителите на Страцин се даночни обврзници кои плаќаат данок.