Македонија 15. јуни 2020. / 12:42

(ФОТО) Владата го промовира македонскиот туризам со омиленото езеро на Адолф Хитлер

(ФОТО) Владата го промовира македонскиот туризам со омиленото езеро на Адолф Хитлер

Скандалот со промоцијата на платформата за домашен туризам на Владата, „Дома си е дома“ се повеќе се зголемува и добива се повеќе нивоа.

Првото ниво на скандалозност е тоа што за промоција на Македонија како туристичка дестинација е искористена фотографија од езерото Кенигсе во Германиjа?!

Скандалозно е што и употребената фотографија е објавена без консултација или известување на авторот, нешто за што тој самиот реагираше на социјалните мрежи.

Последниот аспект на скандалот на оваа кампања е што односно езерото Кенигсе било едно од омилените места на нацистичкиот лидер, Адолф Хитлер, кој честопати во свои промотивни кампањи се сликал токму на ова езеро.