Македонија 29. септември 2020. / 20:27

(ФОТО) Вистинско чудо е што војниците на АРМ не завршија со тешки повреди

(ФОТО) Вистинско чудо е што војниците на АРМ не завршија со тешки повреди

Ниту еден од војниците на АРМ кои беа повредени во сообраќајната несреќа која се случи рано утринава на патот Штип-Радовиш не е во животна опасност, јавуваат извори во штипската болница 12 часа по инцидентот, објави expres.mk.

Со оглед на позицијата на автобусот во кој се возеле а кој го објавува expres.mk вистинско чудо е што тие се надвор од животна опасност.

Несреќата од засега непознати причини се случила кај местото познато како „Осми километар“, а во неа учествувале автобус кој пренесувал војници и комбе.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип предходно потврди дека во болницата се хоспитализирани 17 лица со телесни повреди и во тек се лекарските прегледи и снимања.

Според последните информации дел од војниците имаат повреди но ниту една не е животно загрозувачка.