Македонија 07. јануари 2019. / 09:50

(ФОТО+ВИДЕО) Ѓорчев: Честит Божиќ – помолете се за вашите најблиски и за наштата татковина

(ФОТО+ВИДЕО) Ѓорчев: Честит Божиќ – помолете се за вашите најблиски и за наштата татковина

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, вчера, на Бадник, посети неколку свети православни христијански објекти, па со видео обраќање го честита Божиќ на сите верници.

Заедно со семејството вчера утрото беше на Бадникова поворка од црквата Св. Димитрија до Соборниот храм Св. Климент Охридски.

Потоа тој се упати на Божикен концерт на хорот “Менада” во црквата Св. Кирил и Методиј во Тетово.

-Божикен концерт на хорот “Менада” во црквата Св. Кирил и Методиј во Тетово. Одлична изведба и подготовка на маестро Ивица Зориќ, одликуван од владиката Јосиф од Тетовско – Гостиварска Епархија. Честито Тетовци, за многу години. – напиша на Фејсбук пратеникот за концертот на хорот, а таму имаше и средба со верниците од тетовската населба Два Бреста.

Ѓорчев упати Божиќна честитка за љубов, разбирање, убавини и топлина од Бигорскиот манастир.

-Браќа и сестри ви посакувам честит Божиќ. Нека овој Бадник биде Бадник за да поминете време со вашето семејство. Запалете свеќа утре, појдете во црква, помолете се, помолете се за вашето семејство, помолете се за вашите блиски, помолете се за нашиот народ и помолете се за нашата татковина Македонија – порача Ѓорчев.

 

Ѓорчев во Биторскиот манастир се сретна со Отец Партениј, Отец Доситеј, браќата, сестрите и верниот народ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ја заврши посетата во Струмица, во црквата “Успение на Пресвета Богородица”.