Претседателот Стево Пендаровски, во годишното обраќање во Собранието на Република Македонија беше пречекан со транспаренти од страна на претеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа акција на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го засени говорот на претседателот, а транспарентите носеа разни пораки и критики кон работата на претседателот и владата.
По ова тие ја напуштија собраниската сала. Пендаровски своето обраќање го продолжи пред пратениците на владејачкото мнозинство.
Шефот на државата своето обраќање го почна со едноминутно молчење во знак на почит и сочувство кон сите оние што ги загубија животите во борба со корона вирусот, но и со благодарност до сите оние кои учествуваат во спаравувањето со ковид пандемијата.