Македонија 29. јануари 2021. / 17:30

(ФОТО+ВИДЕО) Демонстрантите за „Монстрим“ превртеа неколку контејнери

(ФОТО+ВИДЕО) Демонстрантите за „Монстрим“ превртеа неколку контејнери
Фото: Арбнора Мемети, Мета.мк

Роднините на обвинитите во случајот „Монструм“ на денешниот протест превртуваа контејнери, со камења фрлаа кон полициските возила, скандираа „УЧК, УЧК“ изразувајќи го револтот против барањето на Обвинителството да им се изречат највисоки казни на обвинетите.

Демонстрантите побараа обвинителката Фатиме Фетаи да биде разрешена. Носеа транспаренти и знамиња, маршираа од населбата Чаир до Обвинителството, при што во еден момент ситуацијата излезе од контрола. Тие го искршија стаклото од влезната врата на Министерството за надворешни работи, но по ова реагираа организаторите и протестот заврши.

На протестот се обрати еден од роднините на обвнитетите, кој порача дека не се убијци и дека не сториле дело тероризам.

Помала група на демонстранти, откако заврши протестот, превртија контејнери на булеварот „Крсте Мисирков“ кај трговскиот центар „Мавровка“.

Еве неколку фотографии од превртените контејнери кај „Мавровка“.

Фото: Арбнора Мемети, Мета.мк
Фото: Арбнора Мемети, Мета.мк
Фото: Арбнора Мемети, Мета.мк