Партиски кадри на владејачката СДСМ не само што се вработуваат во државните компании, туку и се унапредуваат без почитување на меритократските принципи.
Партиски член на СДСМ, вработен во Термоелектричната централа Неготино, на Фејсбук, им соопштува на своите сопартијци, исто така вработени во ТЕЦ Неготино, дека можно е да се унапредат на повисоко работно место и да земаат повисока плата.
-Сопартијци од ТЕЦ чистајте внимателно. Денес се слушнав со газдата на Либерта Кокан како и со Игор Бојаџиев, тие разговарале со директорот и биле воедно и иницијатори на идеата за нас новите шо сме од сдсм да ни се сменат на повисоко работните места и платата. – пишува, вработениот во таа централа, Глигор Зафиров на Фејсбук.
Тој кажува дека директорот им ветил дека во понеделникот ќе ги прими во канцеларијата на разговор за да се договорат за новите работни места.
-Да знаете дека кој од нас новите не си го бендисува сегашното работно место за кое што аплицирал кога се вработувал овде во ТЕЦ ќе му биде заменето со ново и поубаво. Дури и тие што аплицираа и беа примени како хигиеничари тоа беше само привремено само колку да влезат овде. Знаете дека и синот на членот од ДИК Наќе Витанов е примен како хигиеничар а потоа и он како нас ќе го менува местото. И татко му од ДИК ургирал му кажал на директорот за ова. Да си знаете велам за утре ќе даваат нови работни решенија со покачени коефициенти. Но се зависи од нашиот договор со директорот. – пишува Зафиров.
Инаку ТЕЦ Неготино е капацитет за производство на струја, кој се користи како резерва, а таму засега практично и никој ништо не работи. Овој капацитет се користи за „не дај Боже“ бидејќи нејзината производствена цена зависи од регулираната цена на мазутот, што знае да биде и многу висока.