Македонија 04. септември 2019. / 16:49

(ФОТО) Тврди дека го познава од телевизија, а Ременски му подари на Боки 13 детелинка со 4 листа

(ФОТО) Тврди дека го познава од телевизија, а Ременски му подари на Боки 13 детелинка со 4 листа

Пратеничката Фросина Ременски повеќе од два часа даваше исказ за случајот „Рекет“ во одделението за организиран криминал и висока корупција кај обвинителката Вилма Рускоска, а по исказот, за новинарите кажа дека не ги познава обвинетите од „Рекет“.

Бојан Јовановски, рече дека го познава како и сите други- од телевизија, иако Ременски била почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Се познаваме колку што и вие се познавате, од телевизија, истакна Ременски и додаде:

-Со индигнации ги отфрлам и демантирам информациите кои ги пласирате дека сум соработувала со обвинетите. Со Орце Камчев, Зоки Кичеец, Бојан Јовановски и Каица Јанева не сум никако поврзана. Најодговорно ги демантирам сите прашања.

Во јавноста, веднаш по изјавата на Ременски оти не го познава Боки 13, се појавија бројни рекции.

Граѓаните немаат кратка меморија и помнат дека, Ременски не само што не го познава Боки 13 од телевизија, туку неодамна му подари бележник и детелинка со 4 листа од нејзината градина, за која Боки веднаш се пофали на социјалните мрежи.

Напиша дека тоа е најубав подарок за него до сега, а дека симболиката е силна и голема.