Некогаш ценетиот, а сега крајно контроверзен новинар Бранко Тричковски на неговиот Фејсбук профил се пофали дека со поддршка од претседателот Пендаровски ќе формира Меѓународен сојуз кој ќе работи ни помалку ни повеќе на тоа да ги реформира европските премиери и претседатели.
За ова, Тричковски кој е познат по говор на омраза и повикување на убиства се пофали проследено со слика со Пендаровски.
–Почитувани пријатели,
Формиравме Меѓународен сојуз кој ќе ги рекетира европските претседатели и премиери според системот слобода за датум. Претседателот Пендаровски ни дава поддршка, но тука е првенствено за да може на некоја геронистичка будала, утре-другиден, да му даде смисла.
Тоа е, се трудиме.
На 12 април ќе ги смачкаме.
Мислам, не премиерите и претседателите на Европа туку домашните идиоти, пишува Тричковски на Фејсбук.