Македонија 20. јули 2020. / 14:04

(ФОТО) Тажни слики од Охрид: Како тргнале СДСМ тешко дека ќе го задржат статусот во УНЕСКО

(ФОТО) Тажни слики од Охрид: Како тргнале СДСМ тешко дека ќе го задржат статусот во УНЕСКО

Од ВМРО-ДПМНЕ алармираат дека во Охрид владее неспособност и башибозук, коишто предизвикуваат тажни слики во македобскиот бисер.

Оттаму додаваат дека како што е тргнато, СДСМ тешко дека ќе го задржат статусот на Охрид во УНЕСКО.

„Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски презентира тотална пасивност и незаинтересираност за состојбата во која се наоѓа општината.

Во сред туристичка сезона купови на градежен шут со месеци стои покрај самото езеро.
Некогашната градска плажа СДСМ ја претвори во градска депонија.

Константин Георгиевски – уште еден неспособен кадар на СДСМ“ – се наведува во објавата на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.