Македонија 22. ноември 2018. / 19:15

(ФОТО) Специјалци на МВР распоредени пред домот на екс вицепремиерот Пешевски

(ФОТО) Специјалци на МВР распоредени пред домот на екс вицепремиерот Пешевски

Десетици припадници на специјалните единици на МВР вечерва се распоредени пред домот на екс вицепремиерот за економија Владимир Пешевски, објави Експрес.мк.

Меѓу нив има и припадници на Единицата за брзи интервенции на МВР кои што се подготвуваат да го обезбедат теренот на кој вечерва ќе протестираат членови на политички партии и организации од движењето “Македонија Блокирам” предводени од Јанко Бачев, Филип Петровски, Страшко Олумчев и други кои предходно протестираа пред домовите на Крсте Мукоски во Вевчани и Сашо Василевски во Охрид, двајца од 8те пратеници на опозицијата кои гласаа за уставните измени.

Пред два дена Пешевски објави писмо до членовите на ВМРО-ДПМНЕ во кое се бараше партијата да ги поддржи уставните измени со цел земјата да продолжи со евроатланските интеграции.

За членовите на организациите на движењето Македонија Блокирам, писмото на Пешевски е повик за национално предавство поради што организираат протест пред неговиот дом во скопската населба Тавталиџе.