Македонија 03. јуни 2019. / 14:07

(ФОТО) Што му подарија Пендаровски, сопругата и синот на Стинг

(ФОТО) Што му подарија Пендаровски, сопругата и синот на Стинг

Познатиот Стинг вчера одржа спектакуларен концерт во Скопје со своите познати хитови.

Со него се сретна и претседателот Стево Пендаровски.

Средба со Стинг еден од најдобрите музичари во светот кој со своите песни инспирирал и инспирира генерации. Човек пред своето време, уметник, толку голем, а така скромен. Вечерва Скопје ќе ужива во безвременските хитови. Со Бети и Огнен, на Стинг за спомен му подаривме колекција македонски рокенрол плочи и ЦД-а, како и ,,Македонска РОК енциклопедија” и му посакавме незаборавен концерт, напиша на фејсбук пендаровски откако се сретна со Стинг заедно со сопругата и синот.