Македонија 09. април 2018. / 19:54

(ФОТО) Шекеринска се кршеше со јајца со г.г Стефан под знамето со сонцето од Кутлеш

(ФОТО) Шекеринска се кршеше со јајца со г.г Стефан под знамето со сонцето од Кутлеш

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вчера за празникот Велигден беше во посета на поглаварот на МПЦ господин, господин Стефан со кој ја испочитува традицијата и се кршеше со јајца.

Министерката и потпретседателка на владата ја предводеше делегацијата придружувана од министерот за здравство Венко Филипче, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Дел од иконографијата за настанот беше и ѕвездата од Кутлеш, која е истакната во кабинетот на поглаварот на МПЦ, а СДСМ не ја признава како национално знаме на Македонците.