Граѓаните на Струга апелираат да се стори нешто со ѓубрето во центарот на градот. Со денови, велат живееме во смрдеа, пишува Република.
-Празник е не се работи. Знам дека на вработените во Комунално не им е лесна работата и дека не се мотивирани, врз основа на плата и придонеси, ама зошто мора да живееме со смрдеава и гнасотилаков?, пишува еден жител на Струга на фејсбук.
Иста слика и во Тетово.
Цело Тетово е депонија..ѓубре чистеа два пати неделно..сега еднаш.
Улици со шмрк немаат исчистено со години наназад. Цел град е паркинг.. во строг центар, баш на семафор на пешачки премин се паркираат.. горе на плоштад се качени, пишува на фејсбук една жителка на Тетово.