Македонија 18. мај 2020. / 14:38

(ФОТО) Се руши нелегалниот ѕид на плажата Градиште

(ФОТО) Се руши нелегалниот ѕид на плажата Градиште

Се урива нелегално изградениот ѕид во авто-кампот „Градиште“.

Градоначалникот на  општина Охрид Константин Георгиески на својот фејсбук профил информира дека  на рушењето на ѕидот му претходела инспекција од инспекторатите за градежништво комунални работи и животна средина.

Инспекторите утврдиле дека изведувачот на ѕидот не постапил според решението за отстранување на парапетот, па е ангажирана фирма која почна да го руши ѕидот.

Претходно невладината Охрид СОС објави фотографии на кои се гледа дека се гради нелегален бетонски ѕид на плажата во Градиште.