Македонија 28. септември 2019. / 16:22

(ФОТО) СДСМ во Ресен на јаболкобер

(ФОТО) СДСМ во Ресен на јаболкобер

СДСМ во рамки на кампањата „Маалски средби со граѓаните“, денеска организира акција за собирање на јаболка во Ресен.

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, беше во Ресен, каде што со други членови на партиското раководство се приклучи кон традиционалниот јаболкобер.

– Тука сме заеднички и симболично да помогнеме на јаболкарите од овој регион, така како што и во претходниот период континуирано поддржувавме и носевме мерки и политики коишто носат развој на оваа значајна гранка и за овој регион и за целата наша земја. Уште од првата година од мандатот за 10% ги зголемивме субвенциите по хектар. Ги зголемивме субвенциите на развојната категорија на овоштари, вклучително на сите и од овој регион. Во континуитет носевме интервентни мерки во секој еден момент кога тоа беше потребно. – изјави Николовски.