Македонија 25. јуни 2019. / 11:38

(ФОТО) СДСМ Арачиново се поклони пред паднатите борци на УЧК

(ФОТО) СДСМ Арачиново се поклони пред паднатите борци на УЧК

Градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими која е од редовите на СДСМ, вчера на гробиштата на паднатите борци и ветерани на УЧК кои се бореа во битката кај Арачиново во 2001-ва, положи цвеќе и им оддаде почит на загинатите.

Таа на Фејсбук страната на СДСМ Арачиново напиша:

И на овој 24 јуни, се сеќаваме на денот на жртвувањето, целта и обединувањето. Ден кој во себе ја содржи возвишеноста заедничките национални и општествени идеи и дела.

На овој ден, традиционално во чест и почит кон оние што жртвуваа се, оддадовме почит на гробиштата на паднатите борци и ветераните од битката во Арачиново во 2001 година.

Со почит

Миликије Халими, градоначалничка на општина Арачиново.