Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, на Фејсбук објави фотографии на кои што се претставени списоци од кои треба да се изберат нови ментори во училиште во општина Карпош.
Изборот не се спроведува според кариера, квалификации и професионалност, туку по тоа дали е член на власта, односно на СДСМ и дали имаат книшка.
„Постарите велат фатени живи со спуштени гаќи.
Да ги направиме славни денес и Општината и нивните подобни ментори.
СДСМ Општинска Карпош порачува, Стефан Богоев извршува, просто.
Тоа е финската реформа на Царовска.
Дури и професор ментор се избира во нивната општинска.
Кариера, квалификации и професионалност се неважни. Има книшка или наши=подобен, сите останати неподобни.
Да имаше ставено меморандум на известувањето ќе Ви кажев дури и БРАВО!“, пишува Јаревски.
Постарите велат фатени живи со спуштени гаќи.
Да ги направиме славни денес и Општината и нивните подобни ментори.СДСМ…
Posted by Toni Jarevski on Friday, January 29, 2021