После 21 година во Охрид, прв пат на потегот од Самоилова тврдина на плажите кон Партизан, Младост се поставени знаци забрането пливање.
Колекторот после толку години не е во функција и ова е причината поради која капењето е забрането.
Ало фотелјаши, вие што се грижевте, што кажувате дека ќе не биде дали сте нормални?
До кога ќе го уништувате и она малку убаво што остана во Република Македонија?Криминалци едни неспособни!
Се работи за здравјето на луѓето, за уништување на природа, за уништување на туризмот! – пишува на неговиот фејсбук профил универзитетскиот професор Самоил Малчески.
Инаку, како што дознава Лидер од извори во општина Охрид, минатата недела имало околу 200 случаи на алергии и воспалувања на кожата поради бањање во Oхридското езеро.