Државниот санитарен и здравствен инспекторат го објави списокот од 138 македонски државјани кои одбиле да ги примат решенијата за самоизолација, односно на кои не можеше тие решенија уредно да им бидат доставени.
Списокот е објавен во еден од пишаните медиуми во Македониа, а 104 се од Скопје и од приградските населени места.
Од Штип има 28 граѓани, од Гостивар се четворица, а има еден од општина Желино. На списокот нема жители од други општини и градови.
Првично инспекторатот не можеше да најде повеќе од 450 луѓе. Инспекторатот подолго време се подготвуваше за да го објави овој список.