СДСМ вчера го промовираше својот нов слоган за старт на теренските активности под мотото „На прав пат“ кој е во црвена и бела боја.
По „животот за сите“, дојде и „правиот пат“ за граѓаните на Република Македонија.
Од ВМРО-ДПМНЕ вчера веднаш возвратија дека СДСМ е на прав пат за заминување во опозиција.
Социјалните мрежи веднаш започнаа со мајтапење на власта и нивниот нов слоган, додека не требаше многу време на јавноста да открие дека новиот слоган на СДСМ е целосно украден.
Станува збор за украдена кампања од хрватската Социјална демократска партија СДП која истата кампања ја промовираше во 2010 година под името „Krenimo u pravom smejru“, што во буквален превод би значело „тргнуваме на прав пат“.
Иста е и бојата на кампањата на СДСМ што значи дека во целост е бледа копија стара повеќе од 10 години.
Инаку истата кампања СДП ја промовираше во 2010 година, а хрватската ХСП обвини дека СДП ја украле од нив истата кампања под која во 2009 година настапи кандидатот за градоначалник на Загреб, ДР. Антун Кљенак.