Колеги новинари и пријатели денеска се собраа на протест како поддршка за новинарот на „Инфомакс“, Александар Митовски.
Против него е поднесено обвинение за објавување на материјали за случајот „Рекет“.
„Уапсен“ микрофон со лисици и „заробена“ новинарска облека денеска беа донесени пред Обвинителството, како знак за поддршка на медиумите.
Протестот кој денеска се одржа во организација на Македонската асоцијација на новинарите (МАН) следува по се поголемиот и cилен политички пpитиcoк врз новинарите и медиумите, што власта го спроведува преку пpaвосудниот систем.
Мотото на пpoтестот беше: На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со апceња и пpoгони!
Овој протест на Асоцијацијата на новинари под мотото на новинарскиот збор одговорете со збор, а не со притисок, апсење и прогон, се однесува за заштита на новинарските права и слободи кои што овие денови се под силен правосилен притисок. Додека ние го одржуваме овој протест пред Основното јавно обвинителство, во просториите на НетПрес по налог на ова обвинителство се врши претрес и се бараат материјали за објавена истражувачка сторија која што е поткрепена со објавени документи, тоа се методите со кои се користи ова јавно обвинителство. Благодарение на ова јавно обвинителство Македонија заедно со Турција е црната точка за медиумските слободи на ниво на европската унија, ако просекот на ЕУ е 23 проценти закана од правосудни истанци против слободата на медиумите, просекот во Македонија благодарение на ОЈО е 52 проценти и се водат над 60 предистраги, истраги, закани за испрашувања, обвиненија како и процеси против медиуми кои што не се блиски до владејачката структура, велат организаторите на протестот.
Од МАН додаваат дека тој прогон во минатото го правеше и СЈО, а сега го прави и ОЈО.