Нова измама поврзана со утрешните избори се шири на социјалните мрежи.
Со цел да има голем број неважечки ливчиња симпатизери на една од партиите бараат од граѓаните пред официјалното име на државата да го додадат зборот „Никогаш“.
Немојте да го пречктувате „Северна“ на гласачкото ливче. Наместо тоа, од страна напишете „Никогаш“. Во спротивно, ливчето е неважечко – се наведува во објавите.
Слична измама се појави и пред неколку дена. Тогаш се бараше од гласачите да го чкртнат „Северна“ од гласачите. Поради тоа, неколкумина активисти на една од партиите беа повикани на информативен разговор во полицијата.
Затоа, ги информираме граѓаните да не подлегнуваат на овие манипулации и напоменуваме дека за едно ливче да биде валидно треба да се заокружи само редниот број пред партијата и ништо друго.