Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски предизвика револт на социјалните мрежи откако објави фотографија од Беровско езеро, каде престојува во време на 80-часовниот карантин во голем број општини.
Совет од другарка ми: Оди напред. Полека, но сигурно. Ви посакувам убав викенд и ве поздравувам од преубавото Беровско езеро, напиша Николовски на Фејсбук .
На 4 јули, кога Владата ја објави рестриктивната мерка за движење во продолжениот викенд, Николовски преку својот профил на Фејсбук им порача на граѓаните:
Секој мора да ги почитува сите мерки – во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата. Овој викенд сите да останеме дома со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој.
Совет од другарка ми – Оди напред. Полека, но сигурно! ??Ви посакувам убав викенд и ве поздравувам од преубавото Беровско езеро! ???❤
Gepostet von Ljupcho Nikolovski am Freitag, 5. Juni 2020