Македонија 07. февруари 2019. / 14:37

(ФОТО) Николоски во Вашингтон на средби со конгресмени, професори и претставници на дијаспората

(ФОТО) Николоски во Вашингтон на средби со конгресмени, професори и претставници на дијаспората

Во рамки на својата работна посета на Вашингтон САД, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски учествуваше на средбата на Европски Лидери во рамки на молитвениот појадок, а оствари средби и со неколку конгресмени.

Николоски се сретна и со професорот Даниел Сервер, одличен познавач на состојбите на Балканот и во Македонија при што разменија мислења за актуелните случувања.

Николоски се сретна и со Претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора Мето Колоски при што нагласи дека силна дијаспора значи силна Македонија и се заблагодари на сите активности на ОМД. Ги поздрави нивните напори за формирање на група на пријатели во Конгресот која одлично функционира како и новите програми за млади насекаде низ дијаспората.

На сите средби Николоски зборуваше за состојбите во Македонија, штетните последици од договорот со Грција, економското назадување и растот на корупцијата. Недостатокот на реформи и визија каде Македонија треба да се движи. При тоа ја истакна потребата од одржување фер, слободни и компетитивни предвремени парламентарни избори со цел надминување на политичката криза која е предизвикана од актуелната власт.