Македонија 11. март 2021. / 10:08

(ФОТО) Николоски: Целта е јасна зошто се одело преку фантом фирма, алчноста чини човечки животи

(ФОТО) Николоски: Целта е јасна зошто се одело преку фантом фирма, алчноста чини човечки животи

Во трка по ПРОВИЗИИ се губат човечки животи, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски откако „Ла Верита“ ги објави писмата од министерот Филипче до  кинеската компанија „Синофарм“.

Николоски објави две писма за кои вели дека се доказ дека се одело преку фантом фирма.

„Целта е јасна зошто се одело преку фантом фирма, а не директно до производителот. АЛЧНОСТА чини човечки животи. Писмата на Филипче до Пекинг, оделе строго преку фантом фирмата ,,Starbi International” во Хонг Конг и во декември 2020 и во јануари 2021, а фирмата не се знае ни колку вработени има, доколку ги има воопшто, фирмата исто така според регистарот нема медицинско ниту фармацевтско портфолио. Случајно или не, фантом фирмата Starbi е регистрирана во 2017г, само 5 месеци по формирањето на владата на Заев“, пишува Николоски.