Македонија 02. декември 2020. / 20:21

(ФОТО) НАДУВАН СТУДЕНТСКИ ЛИДЕР: Борјан Ефтимов фатен како рола џоинт!

(ФОТО) НАДУВАН СТУДЕНТСКИ ЛИДЕР: Борјан Ефтимов фатен како рола џоинт!

Користи ли Канабис актуелниот лидер на студентите при Универзитетот Свети Кирил и Методиј.

Во пресрет на изборите на Правниот Факултет очигледна е поделбата меѓу студентски лидери на социјалните мрежи. На овие избори Борјан Ефтимов кој е близок со владејачката СДСМ дава поддршка за кандидатот Симеон Јанев, а неговиот противкандидат Умјер Муамеди објави несекојдневна фотографија на социјалните мрежи каде се гледа како се рола џоинт од, како што вели тој, од Борјан Ефтимов.

Кандидати на овие избори за претседател на Факултетското Студентско Собрание на овој факултет се Умејр Муамеди и Симеон Јанев, но актуелен е и сегашниот претседател на Универзитетското Студентско Собрание Борјан Ефтимов кој дава безрезервна поддршка на Јанев.

Умејр Муамеди е поранешен член на студентската организација на Правен Факултет, а ја напушти оваа студентска организација поради несогласувања со нив, додека Јанев се уште е член на Студентската Организација.

Во еден од нивните конфликти на социјалните мрежи беше објавена и фотографија каде се рола џоинт во Правниот Факултет. Овие информации одекнаа гласно меѓу студентите, а обвинување не го негираше ни самиот Ефтимов туку само реплицираше на оваа фотографија со „Лол“.

Во продолжение еве ја фотографијата каде јасно се гледа дека станува збор за марихуана.

Во меѓувреме до редакцијата на Лидер пристигна демант од Кристијан Зумровски, Претседател на Факултетско студентско собрание на Правен факултет во кое вели дека сликата и текстот за дувањето е обвинување кон него, а не кон Борјан Ефтимов, претседател на Универзитетското студентско собрание.