СДСМ веќе слави победа на изборите за градоначалник на Штип, објавува 360 степени.
На градскиот плоштад приврзаниците ја прославуваат победата во придружба на музика, а во партискиот штаб пристигна и кандидатот за градоначалник Сашко Николов, кој се очекува да има обраќање.
Во меѓувреме, неколку функционери и истакнати членови на СДСМ преку социјалните мрежи објавија честитки за победата на нивниот кандидат за градоначалник на Штип, Сашко Николов.
Меѓу нив е и партискиот портпарол и пратеник, Костадин Костадинов.
–Огромна победа за победнички СДСМовски Штип, но уште поголема победа за цела Македонија! За модерен, за европски Штип, со мојот другар Сашко Николов, напиша Костадинов.
Честиташе и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
–Мојот другар, мојот доктор, Сашо Николов, нов градоначалник на Штип. Честитки Сашо, честитки Штип, вели Шилегов.
Инаку додека СДСМ слави денеска е забележан нов црн ден во нашата земја, починаа 25 лица, а регистрирани се 613 лица.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.638, бројката на оздравени пациенти е 49.414, на починати е 2.121, а бројот на активни случаи изнесува 22.103.