Македонија 18. April 2019. / 09:50

(ФОТО) Митко Јанчев со поддршка за Сиљановска

(ФОТО) Митко Јанчев со поддршка за Сиљановска

Градоначалникот на Општина Кавадарци и поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев, ја поддржува кандидатурата на Гордана Сиљановска за претседател на државата.

Јанчев, поради несогласувањето со раководството на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, беше разрешен од партиската функција, но, очигледно за претседателските избори се враќа во своето “јато”.

Вчера тој заедно со подмладокот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Кавадарци делел промотивен материјал за Сиљановска.