Македонија 01. септември 2020. / 12:32

(ФОТО) Мијалков наредил луѓе од “Никоб” да стојат на пресови како незадоволни вмровци!

(ФОТО) Мијалков наредил луѓе од “Никоб” да стојат на пресови како незадоволни вмровци!

Вработени во Агенцијата за обезбедување “Никоб”, наредени на прес конференциите на Иницијативата за конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – позираат како незадоволни членови на партијата.

Како што дознава Лидер,  од извори во компанијата, газдата Киро Лазаров им наредил на своите вработени да позираат позади луѓето кои ги организира екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

На фотографијата, сите  се вработени во агенцијата Никоб. Таму работи и сопругот на госпоѓата која го чита пресот.

Од ВМРО-ДПМНЕ за “Лидер” велат дека ова семејство нема никаква врска со нивната партија и оттука им е нејасно како овие луѓе бараат некакви промени во партијата.

Инаку, во изминатиот период, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски имаше серија на прес конференции на кои обелодени дека струмичката фирма добила милионски тендери во државни институции и во ЕВН, за обезбедување, поради политичко пријателство со Зоран Заев.

Сега структури од истата компанија, стојат на пресовите кои ги организира Сашо Мијалков.