Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва пред големиот празник Илинден е во посета на Лазарополе.
Од таму им го честиташе на сите Македонци празникот.
-Во предвечерието на големиот празник Илинден, во мијачкото село Лазарополе, таму најгоре, каде традицијата силно се чува.
Македонци честит Илинден!
Нека е за многу години овој светол празник. И да си ја чуваме и сочуваме Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.